Македонија

Пекол топло во Македонија, температурите одат над 40 степени!

Пекол топло во Македонија, температурите одат над 40 степени!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни