Македонија

Велосипедска трка: Прекин на сообраќајот низ Куманово, обиколницата и кон Пелинце

Велосипедска трка: Прекин на сообраќајот низ Куманово, обиколницата и кон Пелинце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На 24.7.2025 година во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на  велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по ул.3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце ќе биде во прекин.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни