Патнички авион Ан-24, кој летал утрово на линијата Хабаровск-Благовешченск-Тинда, изгубил контакт на неколку километри од аеродромот во Тинда, во регионот Амур, кој граничи со Кина, на крајниот исток од Русија, соопштија службите за итни случаи.
Авионот е сопственост на авиокомпанијата Ангара и превезувал 49 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и пет деца, објави ТАСС.
Гувернерот на регионот Амур изјави дека се користат сите потребни сили и ресурси за потрага по исчезнатиот Ан-24, објави РИА Новости.