Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во регионите во близина на Русија како одговор на заканите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
„Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај, во случај овие глупави и провокативни изјави да се покажат како повеќе од обична реторика“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, објави Ројтерс.
Вчера, Трамп му се закани на поранешниот руски лидер Дмитриј Медведев да „внимава што зборува“ и го нарече „неуспешен претседател“.
„Русија и САД речиси и да немаат трговски односи. Да го задржиме тоа така и да му кажеме на Медведев, неуспешниот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава на своите зборови. Тој влегува во многу опасна територија“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Трамп: Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во регионите во близина на Русија