Свет

Трамп: Целосно сме подготвени за можна конфронтација

Трамп: Целосно сме подготвени за можна конфронтација

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниедна закана поврзана со нуклеарно оружје не треба да се сфаќа лесно и нагласи дека САД мора да бидат целосно подготвени за можна конфронтација.

Во разговор со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека наредил распоредување на две американски нуклеарни подморници поблиску до руските територијални води за да се заштити националната безбедност.

„Моравме да го сториме тоа. Мора да бидеме внимателни. Заканата беше упатена и не сметавме дека е соодветна. Го правам ова за безбедноста на американскиот народ“, рече Трамп.

Тој изјави дека поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев зборувал за нуклеарно оружје, кое го оценил како „несоодветна закана“.

„Кога зборувате за нуклеарно оружје, мора да бидеме подготвени и сме целосно подготвени“, рече Трамп.

Изјавите на Трамп дојдоа откако Медведев рече дека американскиот претседател ја игра играта на ултиматум со Русија и дека ова е закана и чекор кон војна со неговата земја.

По нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран во јуни, Медведев рече дека некои земји се подготвени да му го обезбедат на Иран неговиот нуклеарен арсенал.

Трамп одговори дека зборот што почнува на „n“ не треба да се третира толку лежерно.

Тој ѝ се закани на Русија со санкции ако до следната недела не се постигне договор за прекин на огнот во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни