Свет

Колумбискиот претседателски кандидат почина од повредите

Колумбискиот претседателски кандидат почина од повредите

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе почина два месеци откако беше ранет на предизборен митинг, објави неговата сопруга во понеделник наутро.

Урибе беше застрелан во главата на предизборен митинг.

  • Секогаш ќе бидеш љубовта на мојот живот. Ти благодарам за живот исполнет со љубов. Почивај во мир, љубов на мојот живот. Ќе се грижам за нашите деца – напиша Марија Клаудија Таразона на својот Инстаграм профил, пренесува АФП.

Колумбискиот претседателски кандидат е повторно во критична состојба откако доживеа уште еден мозочен удар како резултат на обид за атентат, соопшти клиниката што го лекува во саботата.

Мигел Урибе, 39-годишен конзервативен кандидат, беше ранет три пати, двапати во главата, за време на митинг во работничка населба во главниот град Богота на 7 јуни.

Властите уапсија шест осомничени во врска со нападот, вклучувајќи 15-годишник осомничен за извршување на пукањето, и ја посочија дисидентската група на поранешната герилска ФАРК како можни организатори.

До средината на јули, Урибе покажуваше знаци на подобрување и започна неврорехабилитација по неколку операции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни