Македонија

5 активни пожари во Македонија, најкритично „Јасен“

5 активни пожари во Македонија, најкритично „Јасен“

Според последните информации, на територијата на Република Северна Македонија моментално се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор.

  • Активни пожари: 2
  • Под контрола: 3
  • Изгаснати: 14

Активни пожари:

  1. Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума)
  2. Општина Струга – Октишка краста (ниска вегетација)

Пожари под контрола:

  1. Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
  2. Општина Арачиново (ниска вегетација)
  3. Општина Демир Хисар – с. Мало Илино (дабова шума)

Изгаснати пожари:
Во изминатите часови изгаснати се 14 пожари во повеќе општини, меѓу кои: Кичево (с. Челопеци), Македонски Брод (с. Крапа), Крива Паланка (с. Нерав – „Биљино“), Струга (с. Белица), Тетово (с. Џепчиште, с. Жеровјане и кај Железничка станица), Брвеница (с. Милетино), Гостивар (с. Градец и с. Симница), Могила (с. Могила), Битола (с. Лажец), Делчево (с. Вирче) и Липково (с. Опае).

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не предизвикуваат активности кои можат да доведат до нови пожари, особено во периоди со високи температури и силен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни