Републиканскиот сенатор од Луизијана, Џон Кенеди, го привлече вниманието поради споредувањето на радиоактивните ракчиња со суштествата од култната филмска франшиза „Alien“. Неговите коментари дојдоа за време на сослушувањето во Сенатот за контаминација на водата, каде што тој посочи дека консумирањето контаминирана морска храна може да ги претвори луѓето во ксеноморфи, објави Newsweek .
Предупредувањето на Кенеди доаѓа откако американската Администрација за храна и лекови (FDA) издаде предупредување од класа II поради повлекување на замрзнати ракчиња за кои се сомнева дека се радиоактивни. Фишерис „Бивер стрит“ со седиште во Флорида доброволно повлече повеќе од 15 тони (33.164 фунти) замрзнати сурови ракчиња.
Причината е загриженоста дека одредени серии може да бидат контаминирани со цезиум-137 (Cs-137), радиоактивен изотоп произведен со нуклеарна фисија. Производите за кои станува збор се продавале во продавниците на „Волмарт“ во неколку американски држави во текот на јули.