Македонија

Сончево со засилен северен ветар, во овие делови од Македонија денеска невреме

Сончево со засилен северен ветар, во овие делови од Македонија денеска невреме

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни