Златото поскапе за 40 проценти само оваа година, што ги одразува геополитичките тензии, очекувањата за висока инфлација, најавата на ФЕД за намалување на каматните стапки и (барем во вторник) слабеењето на доларот (еврото веќе е на 1.187 долари, речиси највисоко од септември 2021 година), пишува „Блиц“.
Покрај тоа, централните банки, особено во Азија и Блискиот Исток, продолжуваат да купуваат злато за своите резерви со забрзано темпо, додека сè повеќе се оддалечуваат од инвестициите во долари.
Анкетата на Светскиот совет за злато, во која учествуваа 73 централни банки, покажа дека се очекува 95 проценти од банките да ги зголемат своите резерви на злато во следните дванаесет месеци, додека речиси три четвртини се очекува да ги намалат своите резерви во долари, објавува SEEbiz.