Обвинителката Лиле Стефанова пристигна во одделението за гонење на висока корупција во Апелационион суд и започнат е распитот во врска со случајот “Рекет”.
ТВ21 дознава дека на распит во наредните денови е повикана и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Случајот “Рекет” го отвори ОЈО пред еден месец, а засега осомничени и во притвор се само Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Вчера претседателот Пендаровски повика да биде спроведена брза и темелна истрага и доколку има докази да бидат поднесени обвиненија и против политичари.