Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Венецуела, објави Американскиот геолошки завод.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот имал јачина од 6,3 степени.
Според американскиот институт, епицентарот на земјотресот бил 24 километри источно-североисточно од заедницата Мена Гранде во државата Зулија, повеќе од 600 километри западно од главниот град Каракас.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди северозападниот дел на Венецуела