Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Мексико

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денес го погоди западниот брег на Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри, на растојание од 198 километри од Ла Манзаниља во државата Халиско.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни