Баба и внук загинаа во пожар во приватна куќа во Воскресенск, Московска област, по напад со беспилотно летало, објави гувернерот на регионот, Андреј Воробјов.
„За жал, во Воскресенск се случи трагедија. Две лица загинаа во пожар во приватна куќа – 76-годишна жена и нејзиниот шестгодишен внук. Ќе му ја пружиме целата потребна помош на семејството“, напиша Воробјов на својот Телеграм канал, пренесува РИА Новости.
Воробјов додаде дека неколку згради во Воскресенск претрпеле оштетувања на стаклото и фасадите, а уличното осветлување било нарушено.
Баба и 6-годишен внук убиени во напад со дрон во Московска област