ВИДЕО Филипини: Петмина загинати во земјотресот!

Пет лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,9 степени што ја погоди централната област на Филипини, соопшти локалната полиција.

„Имаме потврдени пет смртни случаи“, изјави полицаецот Фелипе Камбаге од градот Сан Ремигио, додавајќи дека нема повеќе информации за идентитетот на жртвите.

Земјотресот го погоди подрачјето северно од островот Себу предизвикувајќи оштетувања на згради и улици и прекини во електричната енергија.

Локалната сеизмолошка служба претходно предупреди за можен „мал пораст на нивото на морето“ и ги повика жителите на централните острови Лајте, Себу и Билеран да „се држат подалеку од плажата и да не се приближуваат до крајбрежјето“.

Се урна училиште и зграда со продавници.

Епицентарот на земјотресот е откриен приближно 11 километри источно-југосточно од градот Калапе, во провинцијата Бохол која има околу 33.000 жители.

Центарот за предупредување за цунами на Тихиот Океан соопшти дека „нема закана од цунами по овој земјотрес“ и дека „не се потребни дополнителни мерки“.

Провинциската влада на Себу соопшти за урнување на една зграда со продавници и едно училиште во градот Бандајан, како и за оштетувања на неколку села и локални патишта.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.