Македонија

Кривична пријава против родители за запуштање и малтретирање дете – заедно со нивната ќерка вршеле питачење!

Кривична пријава против родители за запуштање и малтретирање дете – заедно со нивната ќерка вршеле питачење!

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..  

Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни