Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Свет

ВИДЕО Израел нападна автомобили во Либан со дронови, има мртви и повредени

ВИДЕО Израел нападна автомобили во Либан со дронови, има мртви и повредени

Две лица загинаа, а уште седум се повредени денес во израелски воздушни напади врз Либан, пренесуваат извори од таа земја. Два напади се случиле во период на нови офанзиви на Израел, кој тврди дека гаѓа цели на либанското движење Хезболах.

Во еден од нападите израелски дрон погодил возило на патницата во јгоисточниот дел на Либан, при што загинале двајца браќа, пренесува либанската државна новинска агенција NNA.

Порано денес, израелска беспилотна леталица погодила друго возило во близина на болница кај јужниот град Бинт Џбеил, при што се повредиле седум лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израел ги зајакнува нападите врз Хезболах

Израелската војска сè уште не ги коментирала овие напади. Во четврток објави дека извршила низа напади врз воени цели на Хезболах на југот на соседната земја.

Напнатоста меѓу Израел и Хезболах повторно расте во последниот период, и покрај кревкото примирје постигнато кон крајот на ноември минатата година.

Израел, со поддршка од САД, бара целосно разоружување на либанското движење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни