Еден од најемотивните моменти од вчерашното рочиште се случи токму надвор од судницата.
Мајка која го загуби своето дете во пожарот во Пулс, тивко и скромно им пријде на новинарите и им понуди кафе кое сама го подготвила.
„„Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, рече таа со кршлив глас, држејќи ги чашите и бокалот со кафе како да држи дел од него.
Гестот ги потресе присутните. Во таа мала хартиена чаша имаше многу повеќе од кафе — имаше љубов, болка, сеќавање и обид да се одржи жив духот на детето што повеќе го нема.
Овој миг го долови најсилно човечкото во целата трагедија: дека секоја бројка, секое име на листата од 63 загинати, е цел универзум за некоја мајка, татко, сестра. И дека нивната борба за правда е воедно и борба да не се заборават оние што ги изгубија.