Повеќе од 33.000 возила во Русија се конфискувани од возачи во случаи на повторено возење под дејство на алкохол, од кои 5.500 се префрлени во зоната на специјални воени операции, објави денес Генералното обвинителство.
„Конфискацијата на криминално стекнат имот, приходите од него и средствата за криминал се клучни алатки за обезбедување на неизбежноста на одговорноста за сторените кривични дела и ослабување на економската основа на криминалот“, изјави генералниот обвинител Александар Гучан по состанокот на кој се дискутираше за употребата на конфискација на имот во кривичните постапки, објави ТАСС.
Во извештајот се наведува дека, благодарение на заедничката работа на обвинителите и другите надлежни агенции, институцијата за конфискација на возила од возачи „под дејство на алкохол или без дозвола“ е целосно оперативна во последните две и пол години.
Повеќе од 5000 возила запленети од пијани возачи во Русија префрлени на фронтот во Украина