Македонија

Мапа што вознемирува: Македонија во „црвената зона“ на ризик од земјотрес

Мапа што вознемирува: Македонија во „црвената зона“ на ризик од земјотрес

Нова сеизмичка мапа на Европа повторно го потврдува високоризичниот статус на Балканот, а особено на Македонија.

На социјалните мрежи кружи мапа која ја дели Европа на три нивоа на опасност: висок ризик (црвена), среден-низок ризик (портокалова) и многу низок ризик (зелена).

Според прикажаните податоци, Балканот – вклучувајќи ги Македонија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија и Грција – е во зоната со најголем сеизмички ризик, заедно со западниот дел на Турција.

За разлика од тоа, Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките држави и Полска се обележани како речиси целосно безбедни, во темно зелена зона.

Шпанија, Португалија, Франција, Австрија и Унгарија се во портокаловата категорија, додека Италија е скоро целосно обојена во црвено, што ја позиционира меѓу најризичните земји во Европа.

Авторите предупредуваат дека дел од податоците може да не се целосно точни: старите или неактивни раседи не се секогаш прикажани, а некои региони се оценети условно.

Но, независно од тоа, мапата уште еднаш ја нагласува потребата од внимателност и јакнење на безбедносните стандарди во Македонија и регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни