Свет

Затворен аеродромот во Вилнус, авион излета од пистата, има евакуација на патниците!

Затворен аеродромот во Вилнус, авион излета од пистата, има евакуација на патниците!

Патнички авион Embraer E170STD на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines, кој пристигал од Варшава, во четвртокот попладне излетал од такси-патеката веднаш по слетувањето на Аеродромот во Вилнус, соопштија аеродромските власти.

Летот LO771 слетал во 13:43 часот по локално време, но при рулењето кон паркинг-станицата авионот се симнал од асфалтираната површина, изјави портпаролот на Литванските аеродроми, Тадас Василиаскаускас.

Според податоци од сервисите за следење на летови, авионот запрел на северната страна од аеродромската платформа. На местото пристигнале неколку сервисни возила, меѓу кои и противпожарно возило, а патниците биле евакуирани од леталото во текот на попладневните часови.

Како резултат на инцидентот, Аеродромот во Вилнус ја затвори пистата, а мерката ќе остане во сила најмалку до 17:00 часот. Причините за излетувањето засега не се познати, а дополнителни информации се очекуваат по завршување на првичната истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни