Македонија

Поплавите се повлекуваат, жителите на Чешиново–Облешево без питка вода и со оштетени посеви

Поплавите се повлекуваат, жителите на Чешиново–Облешево без питка вода и со оштетени посеви

По вчерашните поплави од Кочанска Река и каналската мрежа, водата денеска се повлекува од дворовите, приземните простории и подрумите во селата Облешево, Чешиново, Спанчево и Чифлик.

Бунарите на многу домаќинства се загадени од атмосферски и отпадни води, па жителите соочени со недостиг од питка вода. Градоначалникот Јорданчо Костадинов најави дезинфекција на поплавените места и ангажирање механизација за чистење на коритото на Кочанска Река.

„Од понеделник очекуваме формирање комисија за проценка на штетите и насоки за пријавување,“ изјави Костадинов.

Земјоделците алармираат за штети на посевите, а над 30% од оризот останал неожнеан. Во следните денови ќе се врши целосна проценка на последиците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни