Македонија

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Пожарникарите веднаш се упатиле кон местото на настанот.

Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители. Лешот бил извлечен од реката и предаден на надлежните служби.

Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни