Македонија

Кривичните против антикорупциска во фиока, Беџети не ги доставил ниту до обвинителство, ниту до судот

Иако изминаа три дена откако првиот човек на општина Сарај, Блерим Беџети најави кривични за членовите на Антикорупциска, сепак сѐ уште ништо не доставил ниту до Обвинителството, ниту до Судот. Беџети вели дека пријавите ќе бидат покренати против членовите кои гласале „за“ поведување постапка против него за случајот „Матка“.

Се обративме до општината и прашавме – до каде е постапката, но од таму ни рекоа дека навреме ќе информираат за чекорите што ќе ги преземат. Инаку, претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска ги отфрла тврдењата на Беџети  дека одлуката е донесена на политичка основа.

Инаку, ДКСК побара да се поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на Сарај за случајот со дивите платформи поставени на Матка. Откако пред неколку месеци, случајот излезе во јавност, Беџети изјави дека општината ги разгледува барањата за легализација. Како што велат од Антикорупција, градоначалникот на Сарај има кривична одговорност поради тоа што не постапил, иако имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација, бидејќи според закон, платформите не можат да се легализираат.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни