Свет

Финска ќе загрева цели градови со отпадна енергија од компјутери и сервери

Финска ќе загрева цели градови со отпадна енергија од компјутери и сервери

Финска ќе загрева цели градови користејќи отпадна топлина од подземни центри за податоци. Земјата гради огромни центри за податоци длабоко во стари засолништа од бомби и напуштени рудници – на длабочина од 30 до 100 метри под земја.

Обработувајќи податоци постојано – 24/7, серверите во центрите генерираат огромна топлина.

Но, наместо таа топлина да се троши залудно – како во секој друг центар за податоци на Земјата – Финска ја собира таа топлина и ја насочува директно во системот за греење на градот. Какво е вистинското влијание?

Еден центар за податоци ќе загрева 40.000 домови во вториот по големина град во земјата, Еспоо, според технолошката компанија Entangle tech.

Објект на „Мајкрософт“ загрева област во главниот град Хелсинки. Ова заштедува 400.000 тони CO2 годишно, а воедно ги намалува трошоците за греење за 60%.

Оваа отпадна топлина сега задоволува 10% од вкупните потреби за греење на Хелсинки.

Традиционалните центри за податоци трошат милијарди долари на системи за ладење, ослободувајќи ја целата таа топлина во атмосферата. Во текот на зимските месеци, домаќинствата и бизнисите трошат пари за греење на своите домови и простори.

Финска сфаќа дека може да ги реши двата проблеми истовремено.

Подземната локација на центрите за податоци во Финска обезбедува природно ладење од гранитна карпа, максимална безбедност и лесно собирање на топлина.

А топлата вода од ладењето на серверот (75-85°C) тече низ цевки директно во радијаторите низ градовите.

„Буквално ги загреваме домовите со вашите Netflix стримови и обработка на е-пошта. Ова е апсолутна мајсторска класа за одржливост“, вели технолошката компанија Entangle tech.

Градоначалникот на Еспоо, Каи Миканен, изјави дека нов кластер на центри за податоци на Мајкрософт наскоро ќе биде поврзан со мрежата за централно греење на градот и ќе помогне во елиминирањето на локалните емисии на јаглерод до 2030 година.

„Блумберг њуз“ забележува дека центрите за податоци во неколку земји со постудена клима го насочуваат вишокот топлина од своите објекти преку подземни цевки за греење на блиските домови. Покрај Финска, како пример се наведува и Шведска.

Отпадната топлина би требало да биде доволна за загревање на околу 100.000 домови, преку десетици илјади километри изолирани цевки што веќе се поставени под градот, објави „Блумберг“.

Соочени со глобална реакција против нивните центри за податоци, технолошките компании ги засилуваат своите напори да се поврзат со одржливоста, а собирање на отпадната топлина е еден начин да се постигне тоа.

Научници од Универзитетот Алто во Финска и Техничкиот истражувачки центар на земјата истражуваат како идните национални центри за податоци би можеле да се интегрираат во општинските системи за греење и дали тие би можеле да играат реална улога во намалувањето на емисиите на јаглерод.

Планот е до 2030 година да се изградат центри за податоци со капацитет од 100 MW и 21 MW во два фински града – Еспоо со околу 310 илјади жители и Сејнејоки со околу 66 илјади жители.

Според пресметките, топлината од постројката во Еспоо би можела да помогне во целосното укинување на јагленот, а од Сејнајоки – делумно да го замени тресетот, едно од горивата со најголем интензитет на јаглерод, според организацијата Глобал Енерџи.

Сепак, за да се искористи целосниот потенцијал на топлината генерирана во центрите, потребни се долгорочни договори помеѓу центрите за податоци и компаниите за греење.

Само таков заеднички модел би овозможил значително и стабилно намалување на емисиите на CO₂.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни