Македонија

Јорданов ќе подели финансиска помош за 100 пензионери со најниски примања

Јорданов ќе подели финансиска помош за 100 пензионери со најниски примања

Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања.

Оваа вест ја објави градоначалникот Иван Јорданов.

„Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани“, вели тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни