Македонија

Апелација ја одби жалбата на Љупчо Пецов – притворот останува во сила во случајот „Синџир“

Апелација ја одби жалбата на Љупчо Пецов – притворот останува во сила во случајот „Синџир“

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во предметот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое му останува мерката притвор.

Од Апелација информираат дека Кривичниот совет едногласно одлучил да не ја прифати жалбата и да го потврди одбивањето на предлогот за укинување на притворот и негово заменување со гаранција. Со тоа, притворот останува во сила по сите законски основи, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на постапката.

Судот појаснува дека понудената гаранција не може да се разгледува кога притворот е определен и по основ на можност за влијание врз постапката.

Предметот „Синџир“ е поврзан со истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во која е приведен и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, осомничен за примање поткуп од 50.000 евра за незаконско влијание врз судска одлука.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни