Македонија

Трагедија во Кондово: 38-годишен маж починал од струен удар додека работел на куќа во изградба

Трагедија во Кондово: 38-годишен маж починал од струен удар додека работел на куќа во изградба

Трагичен настан во скопското село Кондово, каде 38-годишен маж го загубил животот додека извршувал градежни работи на куќа во изградба. Според пријавеното во полицијата, тој добил струен удар, по што паднал на земја.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 октомври околу 14 часот. Станува збор за М.Б. (38) од скопското село Студеничани.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.

Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни