Македонија

Студено утро со минусни температури и густа магла!

Студено утро со минусни температури и густа магла!

Утринава во Македонија е измерено студено време со минусни температури во повеќе градови. Најниска температура од -4 степени е регистрирана во Скопје–Петровец, Битола, Струмица и Берово, додека -3 степени се измерени во Тетово, Велес и Демир Капија. Во Скопје–Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп температурата изнесува -2 степени, а на нула степени се Претор и Маврови Анови.

Позитивни утрински температури се измерени во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и на Попова Шапка со 1 степен, во Охрид со 2 степени, додека најтопло утринава е во Крушево со 4 степени.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне, наместа се очекува појава на магла, особено по котлините. Во југоисточните делови од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. Во делови од котлината претпладне ќе има магла, а максималната дневна температура ќе достигне околу 8 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни