Македонија

Превирања на релација Косово-Македонија – од „трговска војна“ страдаат потрошувачите и компаниите

Северна Македонија не може извезува мед и компири во Косово, сѐ додека не дозволи од Косово да се увезуваат риби за порибување. Република Косово може да извезува икра и млади риби во Македонија само ако спроведе мониторинг, вели министерот за земјоделство, Трајан Димковски. Ова се прави бидејќи Северна Македонија сака да креира стандарди за следната година да извезува риба на европскиот пазар. Од Министерството за земјоделство велат дека Косово нема систем за надзор на рибните болести.

Од друга страна пак, косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, вчера рече дека оваа реципрочна мерка е донесена како одговор на неразумните тарифни бариери кои Македонија ги воведе за риби за порибување. Вакви мерки, Шала предвидел за секоја земја, која како што вели, не се однесува еднакво кон косовските производи.

Според аналитичарот Бурим Насуфи, блокадите и трговските војни, краткотрајно можеби и функционираат, но на долгорочен план цената оди на штета на потрошувачите.

Македонија во Косово на месечно ниво извезува стока вредна над 20 милиони долари. Извезува од 40 до 100 тони компири, додека вредноста на медот што го извезува во соседната земја достигнува до 400 илјади евра. Инаку, в понеделник ќе биде организиран итен состанок на кој ќе учествуваат министерот за економија, министерот за земјоделство, директорот на Царинската управа, претставници Агенцијата за храна и ветеринарство, на кој ќе се преземат активности за разрешување на последиците од воведената мерка од страна на косовското министерство.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни