Македонија

„Наместо на обвинителна клупа, вработените во Рубикон заслужуваат признание за нивното херојство“, вели одбраната на Нацев

„Наместо на обвинителна клупа, вработените во Рубикон заслужуваат признание за нивното херојство“, вели одбраната на Нацев
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Воведни зборови имаше одбраната на Александар Нацев, кој според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани и „РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС“.

Па така наместо обвиненија, одбраната нагласи дека вработените во „Рубикон“ треба да добијат признание за нивната пожртвуваност.

„По настанување на пожарот, вработените во Рубикон постапувале ризикувајќи го својот живот – дејствувале и како пожарникари, и како медицинска помош, и како полицајци. Бројот на спасени животи говори сам за себе“, истакна адвокатот во својот говор, потсетувајќи дека во слични светски трагедии во Романија и Бразил, обезбедувањето никогаш не било предмет на кривичен прогон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни