Македонија

ФОТО Мигрантите дојдоа во Македонија, преку Вевчанскиот карневал

ФОТО Мигрантите дојдоа во Македонија, преку Вевчанскиот карневал

Традиционалното василичарско дефиле во Вевчани и годинава не помина без остра сатира и рефлексија на актуелните општествено-политички теми, а овојпат во центарот на вниманието беа најавуваните мигранти.

Вевчанските маски со препознатлив хумор ја претставија „мигрантската рута“ во Македонија. Учесниците на карневалот, маскирани како мигранти со импровизирани куфери, шатори и реквизити дојдоа на дефилето.

Покрај миграцијата, низ тесните вевчански улици „прошетаа“ и маски кои ги коментираа високите цени, лидерите од средбите во Клубот на пратеници и секојдневните македонски парадокси, а меѓу нив „беше“ и познатиот градоначалник Максим Димитриевски со својата хит песна од изборите.

Вевчанскиот карневал уште еднаш докажа дека е најголемиот весник на отворено, каде што народниот глас е посилен од секоја цензура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни