Македонија

Тетовец измамен за 2000 евра, требало да му посредува за документи во странство

Тетовец измамен за 2000 евра, требало да му посредува за документи во странство

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.

Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни