Македонија

И се заканувал на поранешната девојка дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа, сега полицијата го приведе!

И се заканувал на поранешната девојка дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа, сега полицијата го приведе!
Фото: 4news.mk

На 26.01.2026 во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Ќ.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка дека на 23.01.2026 упатувал закани дека ќе сподели компромитирачки видео запис од неа.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни