Македонија

И пратките од „Тему“ ќе доцнат поради протестите на транспортерите!

И пратките од „Тему“ ќе доцнат поради протестите на транспортерите!

Корисниците на платформата за онлајн купување „Тему“ во Македонија и регионот може да се соочат со задоцнета испорака на своите нарачки.

Логистичката компанија „Трансфера“ издаде официјално известување во кое појаснува дека поради протестот на транспортерите, кој започна на 26 јануари 2026 година, доцнењата се можни низ териториите на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Иако некои пратки се веќе преземени од превозниците пред неколку дена, блокадите на патиштата и границите директно влијаат врз брзината на дистрибуција на пакетите до крајните адреси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни