Патнички авион со 15 лица исчезна во близина на границата на Колумбија со Венецуела, јавува АФП.
Авионот, со 13 патници и двајца членови на екипажот, полетал од пограничниот град Кукута и изгубил контакт со контролната кула кратко пред закажаното слетување.
Авионот требало да слета околу 12 часот по локално време во блискиот град Окања, соопшти авиокомпанијата.
Според воздухопловните власти, активирани се сите протоколи за безбедност и пребарување.