Магазин

Фрлил 10.000 евра од балконот меѓу минувачите: Предизвикал хаос!

Фрлил 10.000 евра од балконот меѓу минувачите: Предизвикал хаос!

Австрискиот инфлуенсер Максимилијан Вајсенбек, познат под прекарот МаксаМилион, оваа недела предизвика хаотични сцени во центарот на Виена, откако од балкон фрли 10.000 евра во готовина меѓу минувачите.

Банкнотите паѓаа по Маријахилферштрасе, една од најпрометните трговски улици во градот, што за кратко време доведе до турканици и борба меѓу собраните да дојдат до парите.

Акцијата била дел од промотивна кампања за неговиот бренд. Она што требало да биде маркетиншко изненадување се претворило во неорганизирано туркање, при што движењето по улицата, дополнително покриена со снег, било отежнато, пишуваат австриските медиуми.

И претходно имал невообичаени настапи

Вајсенбек и претходно го привлекувал вниманието на јавноста со необични настапи. На ревијата на дизајнерот Philipp Plein во Милано непоканет излегол на модната писта меѓу моделите.

Слично сценарио се повторило и на настанот Timmy Trumpet’s Freakshow, одржан во салата Pyramide Vösendorf, каде што се маскирал како австралискиот диџеј Timmy Trumpet, носејќи препознатливи очила, накит и труба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни