Македонија

Забрането движење на патеката кон Матка поради опасност од одрон

Забрането движење на патеката кон Матка поради опасност од одрон

Поради зголемен ризик од одрон на камења и уривање карпи, патеката во Матка е целосно затворена за движење. Одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи до ново известување од надлежните институции.

Од Општина Сарај информираат дека мерката е донесена врз основа на официјална одлука на Дирекција за заштита и спасување (број 57-2071-1 од 19.02.2026 година), со која се укажува на сериозна опасност од одрон на камења долж патеката во кањонот Матка.

За дополнително предупредување, од страна на Дирекцијата се поставени и соодветни знаци што означуваат опасност од одрони во критичните делови на теренот.

Надлежните ги повикуваат жителите, домашните и странските туристи, како и сите здруженија што организираат активности во овој предел, строго да ја почитуваат забраната и да не се движат по затворената патека.

„Апелираме до сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот“, соопштуваат од Општина Сарај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни