Ова беше одговорот на специјалната обвинителка, Лиле Стефанова, на прашањето за нејзината шефица Катица Јанева, која е во притвор. Но, како е да се работи во институција со осомничена шефица, на која мандатот ѝ истекува на 15-ти септември?
Стефанова вели дека спогодбата на Јанева со осомничениот останала само обид.
СЈО е во неговите најтешки денови, вели Стефанова, барајќи што поскоро да се изнајде решение.
Законот за обвинителство ќе му овозможи на редовното обвинителство да ги преземе сите постапки за предметите на СЈО, вели Стефанова, вклучувајќи го и случајот „Империја“, истрага која е во застој, откако Врховниот суд даде мислење дека по 30-ти јуни 2017 година, СЈО веќе не е овластен тужител. Стефанова, меѓу другото вели дека нема намера да се кандидира за прв човек на СЈО, а на прашањето – дали е можно предметите на СЈО да паднат во вода, поради притворот на Јанева, таа со одговор дека вакво нешто не е можно, оти верува дека нејзините 10 колеги обвинители, работеле како што треба и воедно уверува дека сите нејзини предмети се чисти.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ