Свет

Иран се правда: Не напаѓаме регионални земји, туку само американски бази

Иран се правда: Не напаѓаме регионални земји, туку само американски бази

Висок ирански функционер изјави дека Иран нема намера да напаѓа други земји во регионот, туку само американски бази лоцирани на нивна територија.

Шефот на Националниот совет за безбедност на Иран, Али Лариџани, рече дека американските воени објекти „не се територија на земјите од регионот, тие се територија на Соединетите Американски Држави. Немаме намера да ги напаѓаме земјите од регионот“.

„Им кажавме на Соединетите Американски Држави преку швајцарската амбасада дека ако нападнете овој пат, ќе ги погодиме вашите бази“, рече Лариџани во изјавите објавени од државните медиуми.

Сепак, многу од иранските напади извршени од саботата погодија цивилна инфраструктура во Заливот, вклучувајќи ги аеродромите во Дубаи и Кувајт, како и хотели и други згради. Десетици ракети и беспилотни летала ги погодија Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар, Кувајт, Јордан и Саудиска Арабија.

„Во претходната војна имавме многу жртви, но вчера бројот на нашите маченици беше многу мал“, тврди Лариџани.

„Вооружените сили, со искуство од претходната војна, ја држат ситуацијата под контрола“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни