Македонија

ЛЕВИ-ДРАМЕР СО ПОРАКА ЗА МИР: Израел е тука за да остане, време е регионот да се ослободи од диктатурите

ЛЕВИ-ДРАМЕР СО ПОРАКА ЗА МИР: Израел е тука за да остане, време е регионот да се ослободи од диктатурите

„Можеме да бидеме рај на светот ако се прифатиме како луѓе“, вели Рашел Шели Леви-Драмер во продолжението на интервјуто за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, нагласувајќи дека мирот со арапските соседи е можен, но бара демократски вредности.

И покрај воениот виор кој го зафати Блискиот Исток, Рашел Шели Леви-Драмер упати силна порака за соживот и демократија, децидна дека патот кон траен мир води преку меѓусебно признавање и почитување на слободата.

Израел не може да биде „избришан“

Одговарајќи на прашањето за безбедноста на Израелците во светот и во Македонија, Рашел потенцираше дека егзистенцијата на израелската држава е реалност која мора да се прифати од сите актери на меѓународната сцена.

„Нашата порака е дека сакаме околу себе добри пријатели и демократски земји. Треба да се сфати дека Израел е тука за да остане. Државата е држава – не може да се фрли во море и не може да се избрише. Оној момент кога тоа ќе се сфати, ние сме подготвени за мир и демократска атмосфера со сите земји околу нас“, истакна Рашел.

Порака до народот во Иран: Ослободување од диктатурата

Како пример за можен напредок, таа го посочи затоплувањето на односите со Емиратите и Саудиска Арабија, земји со кои Израел до пред десет години беше во непријателство. Но, во фокусот на нејзината анализа овојпат беше Иран.

„Мислам дека поголемиот дел од луѓето во Иран сакаат демократија, а не диктатура како сегашната. Дај Боже оваа војна да им помогне и на нив – Иран да се ослободи од диктатурата за да можеме сите да живееме во мир“, порача таа во интервјуто за 4TV.mk.

Визија за „Рај на светот“

За Рашел, која како Македонка во Израел длабоко ги чувствува вредностите на двата народи, крајната цел е едноставна – слобода и хуманост.

„Може да биде рај на светот. Сакаме да се прифатиме како луѓе, да живееме заедно и да живееме во слобода“, заклучува таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни