Ноќеска во Штип избувна пожар во ресторан „Мал одмор“. На терен беа излезени сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и 12 пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествуваа во гасењето на огнот.
Пожарот предизвика голема материјална штета, но среќата е што нема повредени. Интервенцијата на пожарникарите, заедно со помошта од локалните навивачи, успеа да го стави огнот под контрола и да спречи негово понатамошно ширење.
Причините за избувнување на пожарот се уште се утврдуваат.