Македонија

Маж од Сарај загина на автопатот Скопје – Тетово, со БМВ излетал од патот!

Маж од Сарај загина на автопатот Скопје – Тетово, со БМВ излетал од патот!
Фото: 4news.mk

На 03.03.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје – Тетово, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско, излетало од патот.

На местото на несреќата починал возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни