Македонија

Инфлацијата во февруари со раст од 2,9 проценти

Инфлацијата во февруари со раст од 2,9 проценти

Инфлацијата во февруари 2026 година, измерена преку индексот на трошоците на животот, забележа раст од 0,2 проценти во однос на јануари годинава, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индексот на цените на мало во февруари, во споредба со јануари, изнесува 99,7.

Според податоците на ДЗС, во однос на февруари 2025 година, индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 2,9 проценти, додека индексот на цените на мало се зголемил за 1,6 проценти.

Во текот на февруари, во однос на јануари 2026 година, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: услуги за образование (4%), облека и обувки (1,1%), лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги (0,9%), рекреација, спорт и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици (0,3%), домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, како и храна и безалкохолни пијалаци (0,2%).

Намалувањето на инфлацијата во февруари, во однос на јануари, се должи на падот на трошоците во следните категории: транспорт (-0,8%), здравствена заштита (-0,6%), покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата (-0,5%), информации и комуникации (-0,2%) и ресторани и услуги за сместување (-0,1%).

Трошоците на животот во групата осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како во претходниот месец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни