Цената на нафтата на светските берзи падна под границата од 90 долари за барел, веднаш по најновите коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Иран.
Инвеститорите реагираа на најавите за можна промена во стратегијата или деескалација, што доведе до моментално смирување на пазарот по претходниот остар раст на цените.
Овој пад доаѓа во критичен момент кога глобалната економија будно го следи секој потег во Хормушкиот Теснец.