Македонија

Владата денеска избира нов државен јавен обвинител

Владата денеска избира нов државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека на денешната владина седница ќе биде утврдено името на новиот државен јавен обвинител. Предлогот потоа ќе биде доставен до Собранието на финално изгласување.

Иако првично се пријавија петмина, Советот на јавни обвинители даде „зелено светло“ за четворица кандидати: Анита Тополова-Исајловска (сегашна в.д. обвинителка), Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савевски.

Премиерот претходно најави дека на финалната владина листа се наоѓаат само три имиња, на која не е вклучена обвинителката Ристоска.

Новиот обвинител се избира во Собранието со мнозинство од 61 глас. Тој ќе дојде на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.

Владината одлука се очекува веднаш по завршувањето на денешната седница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни