Министерството за надворешни работи ги известува сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин дека е организиран нивниот транспорт и враќање во државата преку специјален лет на авиокомпанијата „FlyNas“ од меѓународниот аеродром „King Khaled“ во Ријад.
За граѓаните кои веќе се наоѓаат во Саудиска Арабија, задолжително е присуство на Терминал 1 на аеродромот во Ријад на 11 март 2026 година, во 17:00 часот по локално време, заради навремено завршување на сите процедури пред полетувањето.
За македонските државјани во Кувајт, организиран е автобуски превоз кој поаѓа во полноќ меѓу вторник и среда (10 наспроти 11 март) од претходно утврдената локација во Кувајт кон аеродромот во Ријад, а за сите дополнителни информации во врска со превозот достапен е возачот Мухамед Хамкан на телефонскиот број +973 3677 6373.
Граѓаните кои се наоѓаат во Бахреин (Манама), потребно е да пристигнат на локацијата за поаѓање во среда, на 11 март, во 06:00 часот наутро. Оттаму со автобус на „FlyNas“, управуван од возачот Хусеин Бари (контакт: +973 3770 5066), ќе бидат превезени до Ријад, од каде со владиниот лет ќе продолжат кон Северна Македонија. Апелираме до сите патници за максимална точност и навремено пристигнување на збирните пунктови.