Македонија

Собранието закажа комеморативна седница на четири дена пред одбележувањето точно една година од големата трагедија во Кочани

Собранието закажа комеморативна седница на четири дена пред одбележувањето точно една година од големата трагедија во Кочани
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Собранието на Република Северна Македонија за 12 март 2026 година ја закажа својата 93. седница, која ќе има комеморативен карактер.

Оваа пленарна седница, што ќе се одржи во салата „Македонија“, е посветена на одбележувањето на една година од трагичниот настан во Кочани.

Како единствена точка на дневниот ред, комеморацијата претставува официјален чин на оддавање почит кон жртвите и сеќавање на настанот што ја потресе јавноста, со што законодавниот дом директно се вклучува во одбележувањето на оваа тажна годишнина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни