Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран денес на подрачјето на Грција. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 87 километри југо-западно од Лариса.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, е сместен на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата.
„Мислам дека траеше околу 30 секунди“, „Добро се почувствува“, пишувале граѓаните на платформата на EMSC.
„Се чувствуваше како да се тресеше паркираниот автомобил“, додале граѓаните.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.