Тригодишно дете од Штип е задржано на набљудување во штипската Клиничка болница откако било донесено со симптоми на труење од лекови.
Според информациите од СВР Штип, инцидентот бил пријавен вчера. Мајката на детето, 24-годишната Н.С., го донела синот на Детското одделение во 11:47 часот. По извршените медицински испитувања, кај малолетното дете било констатирано присуство на бензодијазепами (седативи).
Детето е надвор од животна опасност, но е задржано на болничка опсервација за следење на состојбата.
За случајот веднаш е известен Центарот за социјални работи во Штип.
Полицијата работи на расчистување на случајот за да се утврди како детето дошло во контакт со лековите и дали станува збор за невнимание или родителски пропуст.